• петок, 05 декември 2025

Меџити ќе присуствува на настанот по повод финализирањето на проектот „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“

Меџити ќе присуствува на настанот по повод финализирањето на проектот „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“

Скопје, 28 јули 2025 (МИА) -  Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе присустува на настанот по повод финализирањето на проектот „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, проектот е целосно финансиран од МЖСПП.

Неговата вредност изнесува 63,9 милиони денари и опфаќа регулација на дел од каналот кој обезбедува заштита од поплави за над 12.600 жители во Арачиново и поширокиот регион. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан