Меџити: Почна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ
- Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци, информираат од Министерството.
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци, информираат од Министерството.
Договорот e во висина од 300.000 евра и ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување.
-Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка. Со заемот се опфатени сите општини во Република Северна Македонија кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација, велат од МЖСПП.
Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура, додаваат, се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата. сст/ев/
фото МЖСПП