• петок, 05 декември 2025

Меџити: Османи и ДУИ живеат во политичка фантазија, Чаир не е засолниште за корумпираните

Меџити: Османи и ДУИ живеат во политичка фантазија, Чаир не е засолниште за корумпираните

Скопје, 16 октомври 2025 (МИА) - Бујар Османи и неговата политичка група се целосно одвоени од реалноста и немаат интерес за граѓаните на Чаир. Ова го изјави кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за општина Чаир и еден од лидерите на овој политички блок, Изет Меџити, во интервју за емисијата „Дебата на Шења“.

-Тие се занимаваат со меѓународни договори, со атомски бомби и со спасување на светот од нуклеарна војна, само за да го оправдаат фактот дека го донесоа Лавров во Скопје и за првпат во Европа по кризата со Русија. Значи, тие не се во контакт со реалноста,и стакна Меџити.

Според Меџити, целта на Османи и неговата политичка структура не е подобрување на животот на граѓаните на Чаир, туку враќање на власт за лични интереси.

-Тие сакаат преку локалните избори да се спасат од правдата и да го отворат патот за враќање во владата. Тие не се за Чаир, тие се за владините фотелји, нагласи Меџити.

Меџити интервјуто ја истакнал разликата помеѓу визијата на коалицијата ВРЕДИ, која се фокусира на развојот на општина Чаир и на служба кон граѓаните, и стариот менталитет на ДУИ, сега Алијанса за национална интеграција, која според него, цели само кон власт и личните привилегии. нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан