• вторник, 24 декември 2024

Меџити не добил покана за митингот на ДУИ во Чаир, вели дека му наликува повеќе на концерт

Меџити не добил покана за митингот на ДУИ во Чаир, вели дека му наликува повеќе на концерт

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Изет Меџити кој ја претставува таканаречената „огнена група“ на ДУИ, денеска изјави дека тој како претседател на чаирскиот огранок на партијата не е поканет на вечерашниот митинг во салата „Шабан Трстена“.

Меџити, кој заедно со градоначалниците на Чаир и Град Скопје, Висар Ганиу и Данела Арсовска, присуствуваше на официјалното започнување на изградбата на Мега паркот, рече дека вечерашниот митинг на ДУИ му наликува повеќе на концерт имајќи предвид, како што наведе, „се носат звучни имиња од естрадата“.

- Ќе носат луѓе од Струга, Куманово, Липково,прават многу притисоци со списоци во администрацијата, со закани дека ќе им сменат работни места. Жално е да се види дека ДУИ сето ова месец дена да го подготвуваат да направат реприза на тоа што ние го направивме со граѓани во Чаир. Мислам дека ова ќе биде порака до Ахмети, добро ќе беше да ги оставеше сам Артан и Бујар да видат која им е тежината во Чаир во нивната општина. Но ова е ситуацијата. Денеска слушнав дека и Ковачевски се занимава со митингот во Чаир, значи цела Влада, изјави Меџити.

Прашан дали ќе соработува со новоназначениот партиски координатор на Чаир, Бујар Османи, Меџити категорично одговори дека нема да соработува

- Прво, човекот со што прво да се занимава - дали со ОБСЕ, дали со билатералните односи со Бугарија, со надворешни работи, портпарол на партијата, доктор, значи човекот е изгубен, не знае кај попрво и ова последново координатор со митинзи. Мислам дека државата има други приоритети, рече Меџити.  

Како коментар на последните анкети каде тој предничи пред Артан Груби, Меџити рече дека очекува и други партиски членови и симпатизери кои сега се плашат, да се приклучат на „огнената група“, бидејќи, како што навде, тие го слушаат гласот на народот и на гласачитесх/са/

Остани поврзан