Меџити на Конференција за обнова на Украина 2025 во Рим
- Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, учествува на Конференцијата за обнова на Украина 2025 (Ukraine Recovery Conference 2025 - URC 2025), која се одржува во Рим, Италија.
Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, учествува на Конференцијата за обнова на Украина 2025 (Ukraine Recovery Conference 2025 - URC 2025), која се одржува во Рим, Италија.

Како што соопшти МЖСПП, станува збор за четвртата по ред голема меѓународна конференција посветена на закрепнувањето и долгорочната обнова на Украина. Настанот е коорганизиран од владите на Италија и на Украина. Целта е мобилизација на владини, финансиски и приватни ресурси за поддршка за реконструкција на земјата погодена од војната.
Во Рим, вицепремиерот Меџити го повторил цврстиот став на Република Северна Македонија во поддршка на украинскиот територијален интегритет, како и подготвеноста да придонесе во процесот на обнова.

-URC 2025 е продолжение на годишната серија високи политички форуми што од 2022 година обединуваат влади, меѓународни финансиски институции и стопански комори околу визијата за „брз, одржлив и европски пат на закрепнување на Украина“, се наведува во соопштението.
Присуството на Северна Македонија на највисоко ниво, како што се посочува во соопштението, уште еднаш покажува дека нашата држава останува доследен поддржувач на Украина и активен учесник во зацврстувањето на европската солидарност и партнерството со НАТО и ЕУ. дма/нд/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање