• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните и ЕУ интеграциите, туку е амнестија на криминалот

Меџити: Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните и ЕУ интеграциите, туку е амнестија на криминалот

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Изет Меџити, претседател на Демократското движење денеска изјави дека Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните или на ЕУ интеграциите, туку е амнестија на криминалот што е направен во тоа време и сегашно време.

-Тоа што не успејаа целосно да ја завршат работава, во однос на Груевски и другите да ги затворат делата, сега ќе се обидат со Законот за амнестија. Значи, ова не е во интерес на граѓаните, не е во интерес на процесите или на ЕУ интеграциите, туку напротив сакаат амнестија на криминалот што е направен во тоа време и сегашно време. И мислат кога ќе преминат во опозиција да ја поминат покомотно и со помалку последици. Ние се спротивставуваме целосно на овие потези, зашто факте  дека и меѓународниот фактор и меѓународната заедница даде јасни забелешки дека ова не оди напред, туку назад ја влече земјата во однос на интеграциите, рече Меџити, кој беше придружуван од претседателите на Движењето Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши.  

На новинарско прашање дали има информации што содржи УСБ-то што вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, и уште едно лице, Меџити рече дека во УСБ-то се содржани измените на Кривичниот законик, кои кривични дела да се избришат, Законот за амнестија.

Меџити изјави дека оваа власт е во спој со Никола Груевски, но не, како што рече, за интеграции и за стратешки прашања, туку да ги затворат овие нивни кривични дела, да бидат слободни и да трае колку што може оваа власт повеќе.

-Веќе јавна тајна е дека на оваа власт единствена надеж е преку Будимпешта да влеземе во ЕУ. Значи, ако има слаба точка тоа е Орбан и Унгарија, а ние напротив сакаме преку Унгарија, значи тоа ни е единствена надеж да претендираме и одиме кон ЕУ. Самиот факт кажува дека оваа власт е во спој со Никола Груевски и неговите, но не за интеграции, не за стратешки прашања, туку да ги затворат овие нивни кривични дела, да бидат слободни и да трае колку што може оваа власт повеќе, мислам во месеци, рече тој.

Прашан дали тој видел докази за соработка на Груевски до ДУИ, со Ахмети, меџити потенцира дека за скоро време ќе излезат во јавноста. посочи дека и Законот за амнестија оди во прилог на тоа.

-Ние само поставивме прашање. Мислам дека за скоро време ќе испаднат во јавноста, бидејќи и овие чекори што се преземени - Законот за амнестија, се во прилог на тоа. Значи, ако овие му вршат работа, сигурно ќе видиме зошто му вршат работа, ќе има ефект. Ќе ги гледаме во јавноста, рече Меџити. фф/са/

Фото: Демократско движење

Остани поврзан