Меџити: Во минатите 100 дена покажавме дека може да се работи чесно и посветено
- СООПШТЕНИЕ - Во минатите 100 дена покажавме дека може да се работи чесно и посветено. Завршија секојдневните корупциски скандали на власта карактеристични за минатото.
Скопје, 7 октомври 2024
Во минатите 100 дена покажавме дека може да се работи чесно и посветено. Завршија секојдневните корупциски скандали на власта карактеристични за минатото.
Иако со наследени проблеми, празен буџет и нефункционални институции, успеавме да реализираме огромни проекти за кои јас како Вицепремиер можам да потцртам дека се од огромно значење и ќе останат запаметени.
100% бевме посветени за да граѓаните почнат да чувствуваат дека некој работи за нив.
Прво, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за одвојување на 35 милиони евра за кампусот на Универзитетот Мајка Тереза. Ова е прво толку големо и значајно одвојување на средства за обезбедување на квалитетно високо образование на албански јазик во Северна Македонија. Само на овој начин ќе успееме и да го заштитиме и да го надоградиме албанскиот јазик и неговата употреба.
Второ, ја започнавме битката со коцкањето. Минатите години ова стана рак на општеството. Илјадници наши сограѓани претрпеа штети, финансиски, семејни, морални и економски. Илјадници наши луѓе заминаа и избегаа во странство. МинататаВлада го донесе коцкањето во секоја улица, во секое маало, пред секое училиште и пред секое игралиште. На крај сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца.
Тоа го запревме. Одземавме незаконски лиценци на три компании за интернет коцкање. Срушивме од интернет сајтови кои легални или нелегално приредуваа коцкање. Исполнивме ветување што никој не мислеше дека ќе го исполниме.
Трето, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 100 милиони евра за проекти за општините низ државата. Ќе решаваме проблеми кои се напластени и кои директно ги бараат граѓаните. До нас се стигнати добри проjекти од сите општини и одлуката за распределување на средствата ќе биде донесена наскоро, оваа недела. Сакам да подвлечам дека нема да има никаква дискриминација, ниту по партиска, ниту по политичка, ниту по етничка припадност. Секој граѓанин ќе може да добие бенефит без разлика дали живее во Струга, Кичево или пак во Тетово и Чаир. Ние нема да ги делиме граѓаните.
Четврто ќе потенцирам и уште еден важен проект на Владата во првите 100 дена.
Блиску сме да одобриме едно-шалтерски систем на граничните премини Блаце, Ќафасан, Јажинце и Табановце.
Со оваа одлука овозможуваме побрзо одвивање на сообраќајот и трговијата на граничните премини кои се од исклучително значење и за нашите граѓани, но и за нашите сонародници кои доаѓаат во Република Северна Македонија заради работа, трговија, здравствени потреби или заради посета на своите фамилии.
Без многу фалење, но со труд и ум, со стоење на збор, во 100 дена успеваме да реализираме значајни проекти.
Како Министер за животна средина и просторно планирање, дозволете ми да презентирам пред јавностaшто сработивме и кои процеси ги започнавме во овие 100 дена од работата на новата Влада на Република Северна Македонија.
Здравата животна средина е предизвик на овој век.
Нашата држава е на патот кон Европската Унија.
Доколку не покажеме спремност за имплементирање на високите европски стандарди во оваа сфера, тогаш имаме домашен проблем.
Од тие причини и го превземав раководењето со овој ресор, со ресорот кој треба да е најевропски, Министерството за животна средина.
Соочени со бројните предизвици во животната средина во време на енергетска криза, децениско загадување на амбиенталниот воздух,
отстранување на историскиот отпад, справување со проблемите на управувањето со отпадот, обезбедување на инфраструктура за водоснабдување, одведување на отпадни води и нивно пречистување се фокусиравме на воведување на политики кои ќе обезбедат подобра имплементација на еколошките стандарди и заштита на нашата околина, но и преземавме конкретни мерки за обезбедување на правото на здрава животна средина на секој граѓанин.
На патот кон ЕУ и нашата определба за членство не очекува уште многу работа во делот на доусогласување на правната регулатива со европската.
Во тој правец работевме на подобрување на регулативата и зголемување на стандардите.
Во делот на клима изработен е прелиминарен списокот на потенцијални инсталации опфатени со Европската шема за тргување со емисии на стакленички гасови во Република Северна Македонија
Започна работата на изработка на Правилникот за следење и известување на стакленичките гасови
Подготвен е прв нацрт на Уредбата за формата, содржината и роковите за известување за спроведувањето на политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленичките гасови
Со намера да го забрзаме процесот на усвојување на Законот за климатска акција, изработивме ревидирана верзија на Нацрт Законот со вградени коментари и со сите пропратни материјали и табели на усогласеност. Планот е кон средината на октомври истата да се достави до Владата на усвојување.
Работевме и на Законот за индустриски емисии, подготовка на подзаконските акти од пакетот Закони за управување со отпад, подготовка на Законот за прекугранично движење и трговија со диви видови и седум нацрт подзаконски акти.
Покрај законите, како Министерство работевме и на унапредување на планските и стратешки политики.
Го стартувавме Проектот за поддршка на Република Северна Македонија за пристапување во ЕУ во животна средина – фаза 2 за период 2024 – 2027 година, кој го спроведува Шведската агенција за заштита на животната средина и Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на кој се предвидени реализација на активности поврзани со процесот на пристапување на РСМ во ЕУ.
Работиме на ревизија на Националниот план за енергија и клима, заедно со Министерството за енергетика, кој ќе ги даде основите на идниот Национален придонес кон Договорот од Париз.
Се потпиша проектен документ за изработка на 5та Национална комуникација за климатски промени и Прв двогодишен извештај за транспарентност согласно Договорот од Париз.
Во соработка со Државниот Завод за ревизија, дадени се одговори за степенот на интегрираност на барањата од Договорот од Париз во пресрет на 29та Конференција на страните на Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени.
Во рамки на повикот од INTERREG Euro-MED, поднесени се апликации за следните проекти:
а) Проектот „Управување со вода на колективни системи за наводнување за да се спречи недостаток на вода и губење на биолошката разновидност.
б) Проектот „Отпорност во опустинување и суша за Медитеранот“ (Resilience in Desertification and Drought for Mediterranean, RedeeM) во INTERREG Euro-MED Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија.
Во овие 100 дена посебен акцент ставивме на напредокот во реализацијата на големите инфраструктурни проекти.
Го спроведуваме проектот Подобрување на водната инфраструктура во општините во Северна Македонија“ во висина од 50 милиони евра кредитни средства согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европска Инвестициска Банка.
Имплементацијата на проектот продолжува со голема динамика и сите општини во државата веќе поднесоа листа на приоритетни проекти за кои им е потребно финансирање и реализација. Во наредните денови од страна на Министерството ќе бидат објавени постапки за јавна набавка за избор на најповолен понудувач во неколку општини, а до крајот на годината се очекува да објавиме постапки за јавна набавка во уште десетина општини во вкупна сума од приближно 10 милиони евра согласно проценетата вредност на проектните документации доставени од општините.
Реализацијата на проектот Изградба на Пречистителна Станица – Скопјепродолжува за овој инфраструктурен проект со исклучителна важност со кој конечно ќе се овозможи главниот град на државата адекватно да ги собира и пречистува отпадните води.
Проектот со инвестициска вредност од 186 милиони евра е финансиран од заем на Република Северна Македонија со Европска Инвестициска банка (68мил.евра), Европска Банка за Обнова и Развој (58 мил.евра) и неповратни грант средства во висина од 68,8 милиони евра од Инвестицискиот Фонд за Западен Балкан на Европска Унија.
Во текот на изминатите 100 дена е продолжено со интензивни активности на сите полиња за имплементација на проектот меѓу кои изгласување на ДУП-ови во општините Гази Баба и Аеродром на чија територија треба да се гради станицата.
Проект: ”Регионален проект за цврст отпад”
Проектот се реализира со кредитни средства согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европска банка за обнова и развој, неповратни (грант) средства од Инвестицискиот Фонд за Западен Балкан (на Европска Унија, Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања („SECO“) како и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).
Во рамките а проектот ќе се воспостават регионални системи за управување со отпад во пет административни региони.
Во Полошки регион ќе се спроведе реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад Русино во Полошкиот регион, една трансфер станица (Тетово), системи за складирање отпад и собирање кабаст отпад.
Во источниот регион и североисточен регион - Тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпад како и Изградба на 6 претоварни станици се очекува да биде објавен во најскоро време.
Во рамки на проектот, во Пелагониски и Југозападен Регион ќе се реализираизградба на регионални системи за управување со цврст отпад, изградба на 4 трансфер станици, системи за складирање отпад, собирање кабаст отпад, затварање на депонијата во Новаци.
Во Вардарски и југоисточен регион ќе се спроведе реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад во регионите со цврст отпад, трансфер станици, системи за складирање отпад, собирање кабаст отпад, затворање на депонијата Доброшинци.
Во текот на изминатите 100 дена, се спроведуваат проектните активности согласно предвидената динамика кои произлегува од Планот за спроведување на проектни активности при што тековно се реализираат три тендерски постапки за набавка на опрема за управување со отпад (како канти, контејнери, возила и опрема за трансфер станици) во пелагониски регион, при што се очекува до месец декември 2024 година да се потпишат договори за реализација.
Во тек е имплементација на проектот ЕУ за чист воздух, во кој Европската делегација во нашата држава вложува 10 милиони евра за 4 града во државата што во изминатиот период забележаа најголеми скокови на концентрација на загадување на воздухот : Скопје, Куманово, Тетово и Битола.
Со проектот ќе се делува на намалување на загадувањето од системите за греење со замена на стари неефикасни котли во 70 јавни установи, ќе се донираат 6 еколошки автобуси на Град Скопје, ќе се засадат зелени појаси
и ќе поддржи создавање на предуслови за проширување на централното греење во Скопје со изработка на студија и набавка на инструменти за анализа на тешки метали во концентрациите на ПМ за Централната лабораторија.
Планиран е пилот проект за набавка на опрема за прочистување на воздух.
Завршена е евалуацијата и се очекува потпишување на договорите: „Подобрена имплементација на ЕУ директивата за поплави преку хармонизација на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризици одпоплави“, „Набавка на специфична опрема за мониторинг на водите“, „Затворање на непрописни депонии и ѓубришта во Североисточниот регион“.
Спроведуваме Координирани акции на МЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина за контрола и подобрување на режимот на работа на индустриските капацитети со А-интегрирана дозвола.
Во тек е изработка на нов Национален план и програма за намалување на загадувањето на воздухот кој ќе започне до крајот на годината во рамки на ИПА проект за воздух.
Во тек е и реализација на проект во соработка со УНДП во вредност од 2.5 милиони УСД во кој се опфатени 5 општини: Струмица, Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга.
Досега се завршени мерењата и изработени се студии за пропорционирање на извори на загадување во споменатите општини, се ажурираат локалните плановите за справување со аерозагадувањето и ќе се имплементираат одредени мерки од плановите.
Во полн ек се и активностите за изработка на Катастар на загадувачи на воздух на подрачјето на општините Струмица, Битола, Пробиштип, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Свети Николе.
Во однос на зголемување на територијата на заштитени подрачја ги прогласивме локалитетот ˮДувало-Коселˮ за природна реткост и палеонтолошки локалитет Змијовец за природна реткост.
Овие 100 дена направивме многу, реализиравме проекти кои со години биле заборавени.
Посветени сме на стратешки и институционален приод кон решавање на проблемите. Здравата животна средина е мерката по која ќе мериме дали сме заслужиле да бидеме членови на Европската Унија.
Во следниот период ќе се обидеме да спроведуваме политики и мерки кои Република Северна Македонија ќе ја доближат до Европската Унија, а на нашите граѓани ќе им дадат подобри услови за живот.
Министерство за животна средина и просторно планирање
__________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки