• петок, 20 декември 2024

Меџити: „Балансерот“ е девалвиран механизам, ќе биде унапреден во закон

Меџити: „Балансерот“ е девалвиран механизам,  ќе биде унапреден во закон

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) – „Балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина, вели првиот вицепремиер и министер за жовотна средина и просторно планирање Изет Меџити и посочува дека вработувањата на Албанци нема да престане, но врз база на квалитет, а не на партиите.

Меџити, во гостување на ТВ21 за „балансерот“ вели дека „во формирањето на новата Влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата“.

-Без разлика на тоа како „балансерот“ е прикажан во системот, доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, изјави Меџити.

Меџити, исто така, посочи во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци.

-  Албанците не губат со укинувањето на „балансерот“, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања. Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот, изјави Меџити. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан