• понеделник, 23 декември 2024

Меџити: Абдуш Демири е кандидат на албанската опозиција за член на ДИК

Меџити: Абдуш Демири е кандидат на албанската опозиција за член на ДИК

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити во вечерашната „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ рече дека Абдуш Демири е кандидатот на aлбанскиот опозициски блок „Европски сојуз за промена“ за член на Државната изборна комисија (ДИК).

Според Меџити, нивниот кандидат ги исполнува условите и ќе се пријави на огласот. Тоа место во ДИК, вели Меџити, мора што поскоро да се пополни за, како што рече, да сопрат шпекулациите дека Владата подготвува нефер избори.

-Самиот факт дека ќе се барало мислење од комисија во Собранието за да се утврди на кого му припаѓа тоа место, значи дека се подготвува некое сценарио, рече Меџити, додавајќи дека целта е тие да бидат надвор од медиумската кампања и да немаат членови во изборните комисии.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

Демири, кој е член на Движењето Беса, во 2020 година беше назначен за директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан