Меѓународниот театарски фестивал Отело не доби државни пари, одржувањето на десетта едиција е под прашалник
- Во Годишниот програма на Министерството за култура во Република Северна Македонија, фестивалот Отело (ITF Оthello) не доби еден денар финансиска поддршка. Оваа одлука доаѓа на прагот на јубилејното издание на фестивалот и таа е неприфатлива, рече за МИА, продуцентот и актер Берат Салиу.
Гостивар, 2 февруари 2026 (МИА) – Организаторите на Меѓународниот театарски фестивал Отело (ITF Оthello) се револтирани од резултатите кои ги објави Министерството за култура во Република Северна Македонија и Годишната програма.
Продуцентот на фестивалот, Берат Салиу смета дека ваквиот потег е тенденциозен и како што потенцира, наместо во годината кога требаше да се слави десетто јубилејно издание, под прашалник е одржувањето.
- Во Годишниот програма на Министерството за култура во Република Северна Македонија, фестивалот Отело (ITF Оthello) не доби еден денар финансиска поддршка. Оваа одлука доаѓа на прагот на јубилејното издание на фестивалот и таа е неприфатлива, рече за МИА, продуцентот и актер Берат Салиу.
Тој смета дека придонесот на манифестацијата во изминатите 9 години, е голем со оглед дека гостувале речиси 60 театри меѓу кои националните ансамбли од Турција, Албанија, Косово, Србија, Македонија, Грција БиХ.
Овој настан, вели Салиу е исклучително важен за Гостивар ја збогатува културната сцена и го зајакнаа културниот имиџ на државата.
- За 9 изданија имало над 25,000 гледачи и поради оваа причина неприфатливо е културниот настан која е најважен за градот да се соочи со недостаток на поддршка. Тоа остава простор за сомнеж за мотивите кои се од необјективна природа, вклучувајќи и политички причини. Бараме поголема транспарентност и одговорност од надлежните во Министерството за култура. Ние сме подготвени да соработуваме со државните институции за конструктивни решенија рече Салиу.:
Организацискиот одбор на фестивалот јавно испрати барања на кои чека одговор се: Официјално објаснување за недоделувањето на финансиската поддршка за; Повторно да се разгледа решението и да се обезбеди потребната поддршка за јубилејниот 10-то издание; Да се постапува подеднакво, транспарентно и без политички дискриминации кон културните иницијативи. згм
фото: Фестивал Отело