• четврток, 26 декември 2024

Меѓународниот проект „Медија инкубатор“ со програма за обука на млади новинари

Меѓународниот проект „Медија инкубатор“ со програма за обука на млади новинари
Скопје, 21 април 2021 (МИА) - Студенти, новинари и сите кои се интересираат за темата социјални репортажи, имаат можност да се пријават на програма за обука на млади новинари која е дел од меѓународен проект „Медија инкубатор“ во организација на Гете-институт Скопје, во соработка со Балканскиот институт за регионална соработка - БИРС. Од институтот велат дека овој проект  има две главни цели, да промовира квалитетно новинарство и да го истакне жанрот на социјални репортажи за да се реконструираат социјалните проблеми преку комбинација на текст и фотографија и да се вклучат во јавната дискусија. - На отворениот повик можат да се пријават студенти, новинари и сите кои се интересираат за темата социјални репортажи. До 16 учесници ќе бидат дел од тренинзите кои ќе ги подготват и водат локални експерти. Тренинзите ќе се одржуваат на 10, 11, 12 и 15 мај 2021, стои во соопштението од институтот. Оттаму дополнуваат дека покрај стипендија, по завршувањето на обуката, учениците ќе имаат можност да стажираат еден месец во независен медиум во државава. Меѓународниот проект „Медија инкубатор“ е тренинг-програма за студенти, новинари и сите кои се интересираат за пишување социјални репортажи со цел да ги зајакне актерите на граѓанското општество и да се бори со предрасудите кон етничките или социјални малцинства. ар/лв/  

Остани поврзан