• петок, 22 ноември 2024

Меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“

Меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) – Заменик-министерката за надворешни работи на Северна Македонија, Фатмире Исаки, денеска и утре во Скопје ќе биде домаќин на втората меѓународна конференција „Жените во надворешната политика“. Овогодинешната конференција, како што информираат од МНР,  ќе се осврне на теми како вклученоста на жените во меѓународните односи, нивната улога во креирањето политики, водењето преговори, справувањето со конфликти и обезбедувањето одржлив мир. Целта на конференцијата е да се споделат искуства поврзани со постигнувањето на целосно репрезентативен кадар преку вклучување на родовиот аспект во полето на надворешната политика. Конференцијата е под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, а се очекува да присуствуваат поголем број државни функционери, истакнати личности од политичката фела и од експертската јавност, дипломати од регионот и пошироко како и претставници на младински организации во земјата. Преку споделување на нивните искуства, учесниците ќе ја зајакнат ЗБ6 Мрежата на жени во надворешна политика, која во иднина ќе биде отворена за соработка и со други меѓународни мрежи. дма/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан