Меѓународна конференција во Ресен за спас на Преспанско Езеро
- Општина Ресен денеска беше домаќин на меѓународна конференција посветена проект, финансиран од Европската Унија – „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци –

Ресен, 6 јули 2022 (МИА) - Општина Ресен денеска беше домаќин на меѓународна конференција посветена проект, финансиран од Европската Унија – „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – Преспа“.
Целта на проектот е да се придонесе за спречување на негативните ефекти врз животната средина како и спасот на Преспанското Езеро.
-Продолжуваме и со други проекти кои ќе бидат од ваков карактер за зачувување на животната средина. Овај проект е финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка со Република Албанија, истакна градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. мт/дма/