Меѓународна изложба „Вечното танго“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
- Овој мултимедијален проект, како што информира Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, обединува повеќе уметности, кои се во рамки на традиционалната групна мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници од разни генерации, сликари, скулптори, графичари, фотографи, дизајнери, модни креатори, поети, писатели.
Скопје, 14 февруари 2026 (МИА) - Во рамки на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена меѓународната изложба „Вечното танго“.
Овој мултимедијален проект, како што информира Домот на култура „Кочо Рацин“, обединува повеќе уметности, кои се во рамки на традиционалната групна мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници од разни генерации, сликари, скулптори, графичари, фотографи, дизајнери, модни креатори, поети, писатели.
Виолета Калиќ од Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје наведува дека кон отворањето на изложбата оваа година се придружија учесници и надвор од земјата, како Пипо Алтомаре од Италија, Лоран Дубоа од Белгија, Јаспер Фирлингер од Нов Зеланд, Ал Џонсон, Федерика Рика од Италија, Верина Николова од Франција, Гордана Винчиќ од Шведска...
Помеѓу учесниците на годинашната изложба се и академик и проф д-р Фехим Хусковиќ, м-р Марија Николова Ацковска, проф. д-р Александар Рашковиќ, м-р Наталија Пулејкова, м-р Марија Светиева, Љубе Алексовски, м-р Билјана Билбилоска, м-р Маја Танева, м-р Марија Рашковиќ, м-р Јасминка Новковска, м-р Славица Танеска, Александар Таневски, м-р Евгениј Пантев, Афердита Кики, м-р Валентина Илијевска, Виктор Бранѓолица, м-р Жанета Радевска Спировска, Росица Лазеска, Марија Роглева, м-р Борјана Божиновска Ѓорѓиевска, Славица Трајческа, м-р Билгаиб Кочиште Биге, Ивона Велковска, м-р Стојанче Величковски, д-р Игор Поп Трајков, Павел Јовановски, архитектот Љубе Чаловски, аритектот Никола Кипроски, Гордана Винчиќ, Тасим Кадрија,Славица Ќурчиева Арсовска, Амина Љаиќ (од Србија), м-р Анета Стојчевска, м-р Ванеса Ода и други.
По отворањето на изложбата, ќе настапат и танчерите од Школото за аргентинско танго „Фамилија Тангови“. мд/aa/
Фото: Плакат