• недела, 28 јули 2024

Меѓународен конгрес по радиотерапија на Медицинскиот факултет во Скопје

Меѓународен конгрес по радиотерапија на Медицинскиот факултет во Скопје
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Меѓународен конгрес по радиотерапија ќе се одржува од денеска до 9 октомври во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Станува збор за научен собир на професионалци од радиотерапијата на кој ќе се опфатени теми од образованието на радиолошкиот технолог во Северна Македонија и земјите во светот, но и унапредувањето на технологијата во радиотерапијата со цел побезбедно и поуспешно нејзино спроведување.

На конгресот најавено е присуство на голем број на радиолошки технолози и доктори од регионот, а поканети се и министерот и заменик министерот за здравство, деканот и продеканот за настава на Медицинскиот факултет. дма/са/

Остани поврзан