Мешани македонско-српски полициски патроли од утре низ улиците на Охрид
- Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид.

Охрид, 19 јули 2025 (МИА) – Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид.
Станува збор за активност што се реализира врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства, согласно кој предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август. аб/лв/
фото/МИА