• понеделник, 23 декември 2024

Мецола: Мишел е поканет да учествува на состанокот на лидерите на политичките групации во Европскиот парламент

Мецола: Мишел е поканет да учествува на состанокот на лидерите на политичките групации во Европскиот парламент

Брисел, 17 јуни 2024 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола вечерва на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е поканет да присуствува на состанокот на лидерите на политичките групи во ЕП на 20 и 26 јуни поради завршни консултации, пред официјалниот самит на Европската унија на 27 и 28 јуни.

„Доколку дојде до договор за кандидатот за следен претседател на (Европската) комисија, лидерите на политичките групации ќе бидат на располагање да се сретнат со таа личност на 2 јули поради размена на мислења“, рече Мецола.

Таа додаде дека целта на тој процес е да се одреди кандидат кој ќе може да го формира потребното квалификувано мнозинство во ЕП за да стане претседател на Европската комисија, се вели во соопштението на Европскиот парламент. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан