• вторник, 24 декември 2024

Месноста Белград со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа во кавадаречко

Месноста Белград со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа во кавадаречко

Кавадарци, 5  септември 2023 (МИА) - Месноста Белград е со најмногу наврнат воден талог во изминатите 24 часа во кавадаречко, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, врз основа на добиените резултати од агрометеоролошките станици поставени на територијата на општина Кавадарци. 

-Наврнатиот воден талог се однесува до осум часот изутринава. Измерени се наврнати 33 литри на квадратен метар. Тринаесет литри на квадратен метар се измерени во Сува Гора кај кавадаречкото село Бегниште. Најмалку дожд наврнало во месноста Чаирот во близина на  кавадаречко Раец, пет литри на квадратен метар, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Овие податоци се изработени од Доне Илов, кој е вработен во општината, во соработка со метеорологот од тимот ,,Агровардар", Глигор Тодоров. свд/љм/

Фото : Фејсбук профил на Агрометеоролошки станици Кавадарци 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан