Меси, Халанд и Де Брујне номинирани за наградата на УЕФА за играч на годината
- Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23.

Нион, 17 август 2023 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23.
Тројца номинирани се напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој играше минатата сезона за ПСЖ, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и неговиот соиграч Кевин де Брујне.
Номинираните тројца се одредени со гласање на главните тренери на клубовите кои минатата сезона играа во кој било европски куп и на селекторите на репрезентациите на земјите членки на УЕФА.
Добитникот на наградата ќе биде објавен на 31 август. зс/
Фото: УЕФА