• четврток, 29 август 2024

Меси со порака до Марадона: Сакам да закрепнеш што побрзо, топло те прегрнувам

Меси со порака до Марадона: Сакам да закрепнеш што побрзо, топло те прегрнувам
Барселона, 4 ноември 2020 (МИА) - Капитенот на Барселона, Лионел Меси му искажа поддршка на екс-играчот и тренер на аргентинската репрезентација Диего Марадона. Легендарниот Марадона ноќеска беше опериран за отстранување на хематом од главата.
  • Диего, сите сили на светот се со тебе.Моето семејство и јас сакаме да бидеш подобро што е можно побрзо. Те гушкам од срце, напиша Меси на Инстаграм.
За време на операцијата на 60-годишниот Марадона, голем број негови приврзаници се собраа пред болницата во Буенос Аирес и му искажуваа поддршка. Своевремено Марадона беше најдобар играч на светот, а според многумина, тој е и најдобар во историјата на фудбалот. зс/

Остани поврзан