• петок, 08 ноември 2024

Меси нема побарано од управата на ПСЖ да му дозволи да го покаже трофејот од Мундијалот на „Паркот на принцовите“

Меси нема побарано од управата на ПСЖ да му дозволи да го покаже трофејот од Мундијалот на „Паркот на принцовите“

Париз, 26 декември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси не побарал од клубот да му даде можност да го покаже трофејот од Светското првенство во 2022 година на домашниот стадион на парижаните, напиша новинарот на „RMC Sport“, Артур Перо.

На 22 декември се појави информација дека 35-годишниот Аргентинец сака да им го претстави пехарот од Светското првенство на француските навивачи на следниот домашен натпревар на парижаните.

Беше објавено дека Меси побарал од управата на ПСЖ да го дозволи тоа, но клупските газди се исплашиле од реакцијата на навивачите.

Меси со репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, 4:2 по пенали) во финалето на Светското првенство 2022 година и првпат во кариерата го освои овој трофеј.

Првиот домашен натпревар на ПСЖ по паузата ќе го одигра на 28 декември. Тимот во 16. коло од Лига 1 ќе игра против Стразбур. зс/

Остани поврзан