Меси најдобар фудбалер од Јужна Америка во измината декада
- Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го прогласи Лионел Меси за играч на деценијата од Јужна Америка.

Лајпциг, 3 февруари 2021 (МИА) - Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го прогласи Лионел Меси за играч на деценијата од Јужна Америка.
Во рангирањето беа вклучени најдобрите фудбалери од земјите КОНМЕБОЛ за периодот 2011 - 2020 година.
Напаѓач на Барселона и аргентинската репрезентација Лионел Меси освои најмногу гласови.
Второто место го зазеде напаѓачот на Пари Сен-Жермен и бразилската репрезентација Нејмар.
Трет е поранешниот дефанзивецот на Барселона и бразилската репрезентација Дани Алвеш, кој сега игра за Сао Паоло. зс/