• недела, 06 октомври 2024

Меси за СП: Знаеме дека најмали детали можат да ве исфрлат од турнирот, но, ние сме подготвени да се соочиме со секој противник

Меси за СП: Знаеме дека најмали детали можат да ве исфрлат од турнирот, но, ние сме подготвени да се соочиме со секој противник
Буенос Аирес, 26 септември 2022 (МИА) – Најдобриот аргентински фудбалер и еден од најдобрите во светот, Лионел Меси ги сподели своите очекувања за Светското првенство во 2022 година. - Аргентина е подготвена да се соочи со секој противник. Јасно знаеме што се бара од нас на одреден натпревар, стручниот штаб добро се подготвува за натпреварите. По неколкуте победи, тимот почнува да игра подобро, станува ослободен. Сега подобро се познаваме, бидејќи долго време играме заедно. Наша цел е да се движиме во иста насока и да се претставиме најдобро што можеме на Мундијалот. Знаеме дека Светското првенство е тежок турнир, најмалите детали можат да ве исфрлат од турнирот. Но, нашиот тим е подготвен да се натпреварува и да се бори со секој противник, изјави Меси. Најголемиот фудбалски планетарен собир ќе се одржи од 20 ноемви до 18 декември во Катар. Аргентина ќе игра во Ц-групата со репрезентациите на Полска, Саудиска Арабија и Мексико. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан