• среда, 25 декември 2024

Месец на македонски стари филмови во Струмица

Месец на македонски стари филмови во Струмица
Струмица, 29 октомври 2020 (МИА)  - Кафе барот „Нагоре“, во соработка со Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ и Кинотека на Северна Македонија месец ноември ќе го посвети на старите македонски филмови, кои се дело на браќата Манаки и режисерот Кирил Ценевски, соопштија денеска организаторите. - Станува збор за исклучителна листа на стари снимки од Архивата на Кинотека од првите краткометражни записи на браќата Манаки и долгометражните филмови на еден од првите македонски режисери. Ќе имаме можност да ги видиме записите: „Баба Деспина“, „Домашна работа (Предилки)“, „Училиште на отворен простор“, „Перачки“, Панаѓур “, „Пазар и касапи“, „Панаѓур во бер“, „Власи номади“ и многу други, информираат организаторите на овој настан. Од режисерот Кирил Ценевски гледачите ќе можат да ги видат филмовите „Црно семе“, „Јад“, „Оловна бригада“ и „Јазол“. Филмската програма започнува в недела, на 1 ноември, во Кафе бар „Нагоре“. рт/мс/

Остани поврзан