• среда, 25 февруари 2026

Мерц повикува на европско единство на годишнината од војната во Украина

Мерц повикува на европско единство на годишнината од војната во Украина

Берлин, 24 февруари 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на европско единство на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина велејќи дека само колективна сила може да ја заврши војната.

„Четири години, секој ден и секоја ноќ беше кошмар за народот на Украина. И не само за нив, туку и за сите нас. Бидејќи војната се врати во Европа“, напиша Мерц на X.

„Само со заедничка сила ќе ја завршиме. Судбината на Украина е наша судбина“, додаде тој. мс/јт/

фото: ДПА

Остани поврзан