• среда, 25 декември 2024

Меркел: Треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Меркел: Треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу ЕУ и Велика Британија
Берлин, 13 декември 2020 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека треба да се направи се за да се постигне трговски договор меѓу Европската унија и Велика Британија. - Секоја можност да се постигне договор е исклучително добредојдена, рече Меркел на прес-конференција во Берлин. Велика Британија се повлече од ЕУ на 1 јануари, но е неформална членка до 31 декември, кога официјално завршува преодниот период за време на кој беше дел од единствениот пазар и царинската унија. паг/

Остани поврзан