Меркел: Да се задржи обврската за носење заштитна маска
- Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за задржување на обврската за носење заштитна маска.

Берлин, 6 јули 2020 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за задржување на обврската за носење заштитна маска.
- Секаде, кадешто не е можно да се обезбеди задолжително растојание, маската е средство од кое не смее да се откажеме, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Сајбер.
Тој како пример ги наведе автобусите, метрото и продавниците. гт/