• понеделник, 23 декември 2024

Меркел вети дека ќе ја продолжи поддршката од ЕУ за Турција

Меркел вети дека ќе ја продолжи поддршката од ЕУ за Турција
Истанбул, 16 октомври 2021 (МИА) - Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска во Истанбул вети дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Турција, која има згрижено четири милиони бегалци. Меркел по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека односите со Анкара ќе бидат од посебно значење за идната германска влада. Ние секогаш имаме заеднички интереси и така ќе ги гледа следната германска влада, истакна рече Меркел. Ердоган наведе дека се надева дека успешната соработка со Меркел ќе биде продолжена на ист начин и со новата германска влада. Тој се заблагодари за „позитивниот придонес“ во процесот на европска интеграција на Турција и за поддршката на тримилионската турска заедница во Германија. Двајцата лидери разговараа за односите на Турција со Германија и ЕУ, како и за Сирија, Либија и источен Медитеран, каде Анкара и ЕУ имаат различни интереси Односите со Турција беа едно од најтешките области за Меркел за време на нејзиниот 16-годишен мандат како канцелар, особено кога Ердоган ги интензивираше нападите врз европските лидери, додека во неговата земја воспоставуваше се поавторитарен режим. Ердоган повеќе од две години беше на власт кога Меркел во 2005 година стана канцеларка. Тие со текот на годините воспоставија однос заснован на прагматизам, кој беше обележан со неколку кризи. ми/

Остани поврзан