Мемфис Депај ја продолжува кариерата во Коринтијанс
- Холандскиот напаѓач Мемфис Депај кариерата ќе ја продолжи во бразилски Коринтијанс, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.

Ајндховен, 9 септември 2024 (МИА) – Холандскиот напаѓач Мемфис Депај кариерата ќе ја продолжи во бразилски Коринтијанс, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Депај (30) ги помина медицинските прегледи во Ајндховен пред да замине во Сао Паоло и ќе потпише двегодишен договор со бразилскиот клуб, до лето 2026 година.
Холандскиот фудбалски репрезентативец минатата сезона настапуваше за Атлетико Мадрид, кој го напушти летото.
Во сезоната 2023/24 во Ла Лига, Депај одигра 23 натпревари, на кои постигна пет голови и додаде една асистенција. ег ФОТО: Фејсбук