• сабота, 31 август 2024

Меморијален турнир во табла во Пехчево

Меморијален турнир во табла во Пехчево

Пехчево, 16 септември 2023 (МИА) - Во Пехчево започна меморијалниот турнир во табла што се организира во чест на Бранко Пешански. Турнирот се игра во просториите на пехчевското здружение на пензионери, а учествуваат околу 40 учесници. 

- Ова е меморијален турнир кој се организира неколку години по ред во чест на нашиот сограѓанин Бранко Пешански. Освен од Пехчево имаме натпреварувачи од Берово, Скопје и други градови, а радува фактот што на турнирот учествуваат и неколку припаднички на понежниот пол, информираа организаторите.

По завршувањето на турнирот за најдобрите ќе бидат доделени пригодни награди.

- Фондот на награди на турнирот е околу 20 илјади денари од кои првопласираниот ќе освои 10,000 денари, за второ место се предвидени  6,000 денари и за третопласираниот натпреварувач 3,000 денари, додадоа организаторите.

Оттаму изразија благодарност до спонзорите и им посакаа многу успех на натпреварувачите. вс/цр


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан