• недела, 07 декември 2025

Меморандум за соработка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Меморандум за соработка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Охрид, 29 октомври 2021 (МИА) - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и факултетот за туризам и угостителство од Охрид потпишаа Меморандум за соработка. Потпишаниот меморандум опфаќа широк опсег на активности на полето од туристичката индустрија, меѓународна соработка, ИПА-меѓународни проекти и континуирано подигање на човечките ресурси во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот -  АППТ.

Во просториите на Факултетот во Охрид Меморандумот го потпишаа деканот на факултетот проф.д-р Цветко Андреески и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски.

- Посебно се радувам на подигање на соработката која и досега беше добра на уште повисоко ниво на овие две институции пред се во време на пандемија и создадената нова реалност во туристичката индустрија. Искуствата и стручноста со која располага факултетот за туризам и угостителство во Охрид  и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе допринесе до заедничка работа и континуирано подобрување на човечките ресурси, промотивните активности и градење на нови содржини во македонскиот туристичкиот сектор кои се повеќе се наметнуваат како главен фактор во закрепнување на оваа област истакна Јаневски.

Според податоците од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, македонскиот туристички сектор полека закрепнува од пандемијата и се очекува да се остварат предвидените резултати од стратегиското планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година од 2,2 милиони ноќевања и до 30 процентно зголемување на присуството странски туристи споредбено со 2020 година. аб/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан