Меморандум за соработка меѓу ППФСМ и Специјалната олимпијада
- Челните луѓе на Македонската пинг-понг федерација (ППФСМ) и националната Специјална олимпијада, Горан Тиловски и Љупчо Петровски потпишаа Меморандум за соработка.

Скопје, 4 август 2021 (МИА) – Челните луѓе на Македонската пинг-понг федерација (ППФСМ) и националната Специјална олимпијада, Горан Тиловски и Љупчо Петровски потпишаа Меморандум за соработка.
Како што соопшти денеска ППФСМ, Меморандумот предвидува вклучување на лицата со интелектуална попреченост во спортот и спортски натпревари, промовирање на здрав начин на живот, подигање на јавната свест за лицата со интелектуална попреченост, како и едукација на теми поврзани со овие целни групи.
Во првата фаза од соработката, ППФСМ на членовите на Специјалната олимпијада ќе им помогне со донација на спортска опрема и реквизити за пинг-понг.
Претходно, ППФСМ потпиша Договор за соработка со Федерацијата за училишен спорт. ег/мд/