• понеделник, 23 декември 2024

Мемоарите на Метју Пери најпродавана книга на „Амазон“

Мемоарите на Метју Пери најпродавана книга на „Амазон“

Лос Анџелес, 1 ноември 2023 (МИА) - Мемоарите на Метју Пери под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing) ги надминаа „Жената во мене“ (The Woman in Me) на Бритни Спирс - само неколку дена по неговата смрт.

Мемоарите на глумецот, коишто беа објавени во ноември 2022 година, се искачија на првото место на листата најпродавани книги на „Амазон“. По Спирс, трета е книгата „Железен пламен“ (Iron Flame), а четврта - „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) по којашто е снимен истоимениот филм што почна да се прикажува во кино во октомври.

Во својата книга, Пери говори за својата битка со зависноста, како и дека потрошил милиони долари за лекување. Одел на рехабилитација 15 пати. Во една прилика, тој изјави дека не му било тешко да ги напише мемоарите.

- Не е тешко да се напише книга. Потешко е да се прочита, бидејќи си велиш „Уф, ова е ужасна приказна“. Но, има и хумор што се провлекува низ неа, рече глумецот за „Пипл“.

Комичарот се присетува и на своите љубовни врски, како и снимањето на хит-хумористичната ТВ-серија „Пријатели“, но и тоа како за малку ќе починел на 49-годишна возраст... Кога пред пет години дебелото црево му пукнало поради предозирање со опиоиди, на неговото семејство му кажале дека Пери има „два отсто“ шанси да преживее.  си/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан