Мемоарите на Бритни Спирс продадени во над милион примероци во САД
- Книгата под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), е продадена во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.

Лос Анџелес, 2 ноември 2023 (МИА) - Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето.
- Во овие мемоари ги влеав срцето и душата и благодарна сум им на многубројните обожаватели и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка, изјави меѓу другото Спирс.
Податоците за продадените примероци вклучуваат купени и однапред нарачани печатени книги, како и аудиокниги и е-книги. си/
Фото: МИА архива