• сабота, 16 ноември 2024

Мелони: Совеста ми е чиста и покрај бродоломите на мигрантите

Мелони: Совеста ми е чиста и покрај бродоломите на мигрантите

Рим, 13 март 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека нејзината влада се соочила со страшни обвинувања по неколкуте бродоломи на бродови со мигранти, но дека нејзината совест е чиста.

Британските медиуми јавуваат дека Мелони изјавата ја даде откако беше доведена во прашање способноста на официјален Рим да спасува мигранти на море.

Италијанската премиерка зборуваше за миграцијата и соработката со африканските земји во нејзиното спречување на презентацијата на книгата за папата Франциск во Рим.

Соопштението на италијанската премиерка доаѓа откако вчера исчезнаа 30 лица кога бродот со кој патуваа од Либија се преврте поради лошите временски услови и се стравува дека се удавени.

Трагедијата уследи по бродоломот од 26 февруари, во близина на јужниот дел на регионот Калабрија, кога загинаа најмалку 79 лица. сд/

Остани поврзан