• сабота, 27 јули 2024

Мелони се сретна со Моравјецки пред неформалниот самит на Европскиот совет

Мелони се сретна со Моравјецки пред неформалниот самит на Европскиот совет

Гранада, 6 октомври 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони се сретна со својот полски колега Матеуш Моравјецки пред неформалниот состанок на Европскиот совет организиран од шпанското претседателство во Гранада, јави италијанската новинска агенција АНСА.

„Двајцата шефови на влади детално разговараа за темите на агендата - од европската поддршка за Украина преку безбедносни и одбранбени прашања, одржливоста и конкурентноста на европската индустриска база до перспективите на процесот на проширување на Унијата и прашањата за миграцијата“, се вели во соопштение објавено од Кабинетот на премиерот.

Во директен пренос на социјалната мрежа Фејсбук по средбата, Моравјецки рече дека двајцата лидери се согласиле „дека е особено важно да се заштитат надворешните граници (на ЕУ), бидејќи во спротивно секогаш ќе има ситуација во која десетици, ако не и стотици милиони луѓе ќе сакаат да дојдат овде од многу делови на светот“.

„Европа нема да може да го издржи ова, ќе се распадне“, додаде тој. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан