Мелони и Зеленски ја повторија својата поддршка за напорите на Трамп за постигнување праведен и траен мир
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, а за време на средбата двајцата претставници ја повторија својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување праведен и траен мир, што би можел да гарантира идна безбедност, суверенитет и слобода за Украина.

Рим, 26 април 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, а за време на средбата двајцата претставници ја повторија својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување праведен и траен мир, што би можел да гарантира идна безбедност, суверенитет и слобода за Украина.
Како што соопшти кабинетот на премиерката, Мелони, исто така, изразила сочувство до Зеленски во име на италијанската Влада за жртвите од неодамнешните руски напади и повторно остро ги осуди ваквите акти.
Во исто време, таа нагласи дека е итно потребно моментално и безусловно примирје, како и конкретна посветеност на Москва за започнување на мировниот процес. паг/
Фото: ЕПА