• сабота, 23 ноември 2024

Мелони измамена од повик на руски пренкери

Мелони измамена од повик на руски пренкери

Рим, 1 ноември 2023 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони била измамена во повикот на познати руски пренкери, чии цели ја вклучувале и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, потврди денеска нејзината канцеларија во Рим.

Мелони, прими повик од лице кое тврдеше дека е претседателот на Коморите, Азали Асумани, актуелниот претседавач со Африканската унија. Всушност, станува збор за руското пренкерско дуо познато како Вован и Лексус.

-Повикот се одржа на 18 септември, пред Генералното собрание на ОН, соопшти канцеларијата на Мелони.

Италијанската Влада не ја коментираше содржината на повикот.

Руското дуо, кои важат за блиски до владата на претседателот Владимир Путин, ги измамиле и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас и поранешната градоначалничка на Берлин, Франциска Гифи.

За разговорот со Меркел, еден од двајцата се претставувал како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан