Мелони во разговор со Нетанјаху изрази надеж за постигнување договор за прекин на огнот
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и за време на разговорот изрази силна надеж дека на следната рунда преговори на 15 август ќе биде постигнат договор за одржлив прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Рим, 13 август 2024 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и за време на разговорот изрази силна надеж дека на следната рунда преговори на 15 август ќе биде постигнат договор за одржлив прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
Италијанската премиерка уште еднаш ја изрази својата поддршка за посредничките напори кои ги преземаат САД, Египет и Катар, пренесе италијанската новинска агенција Анса.
Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, таа на крајот ја подвлече важноста од деескалација на регионално ниво, вклучително и долж израелско-либанската граница, каде се присутни привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во кои Италија има водечка улога. рп/
Фото: Скриншот