Меланија Трамп гласаше на Флорида
- Првата дама на САД, Меланија Трамп денеска гласаше на претседателските избори во Палм Бич, Флорида.

Мајами, 3 ноември 2020 (МИА) - Првата дама на САД, Меланија Трамп денеска гласаше на претседателските избори во Палм Бич, Флорида.
Меланија се појави на гласачките места во 9 часот по локално време.
Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп гласаше минатата недела во Палм Бич, користејќи го правото на предвремено гласање.
- Гласав за некого по име Трамп, рече тогаш актуелниот претседател. паг/