• четврток, 07 ноември 2024

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот

Меланија нема да го посети Трамп за да не го зарази персоналот
Вашингтон, 5 октомври 2020 (МИА) - Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така е заразени со коронавирусот, нема да го посети својот сопруг во болница поради ризик за вработените. Првата дама на САД остана во Белата куќа, јави Ен-Би-Си Њуз. - Таа има ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал кој оди со неа на ризик и тие да се разболат, изјавил висок извор од американската администрација. Американскиот претседател е во болница од петокот вечерта, додека Меланија остана во Белата куќа. јт/

Остани поврзан