Мексико: Ели, „најтажната слоница на светот“, доби судска битка
- Застапниците тврдеа дека Ели страдала од депресија, особено по угинувањето на слонот Меги во 2016 година, како и поради болести.

Мексико Сити, 27 февруари 2025 (МИА) - Врховниот суд на Мексико ѝ наложи на Зоолошката градина „Сан Хуан де Арагон“ во главниот град на државата да ги засили напорите за подобрување на условите за живот и здравјето на „најтажната слоница на светот“, Ели.
Ова е првпат да се донесе пресуда во корист на животно во Мексико. Стручњаците веруваат дека ова е значајно, бидејќи се признава дека животните имаат права. Застапниците тврдеа дека Ели страдала од депресија, особено по угинувањето на слонот Меги во 2016 година, како и поради болести. Ели, имено, често се удира во ѕидовите на своето живеалиште и почнала да слабее.
Затоа, активистите за правата на животните ја опишаа како „најтажниот слон“ на светот воопшто.
- Ели е во ужасни услови. Верувам дека наскоро ќе умре, изјави Дијана Валенсија, основачка и директорка на групата за заштита на животните „Отворени кафези и отворени умови“.
Ели живее во Зоолошката градина во Мексико Сити веќе 13 години откако беше спасена од циркус. Надлежните, од друга страна, тврдат дека таа е помалку депресивна откако други слонови биле сместени во живеалиштето. си/паг/
Фото: МИА архива