• четврток, 26 декември 2024

Мексиканска држава забрани продажба на брза храна на деца

Мексиканска држава забрани продажба на брза храна на деца
Мексико Сити, 6 август 2020 (МИА) – Мексиканската држава Оахака забрани продажба на брза храна и слатки пијалаци на деца во обид да се намали широко распространетата дебелина и дијабетесот. Оахака е прва држава што ја презеде оваа мерка во Мексико, каде има една од највисоките стапки на детска дебелина во светот, јави Би-Би-Си. За прекршување на овој закон е предвидена казна и можно затворање на компанијата, како и затвор. Овој потег уследи откако бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Мексико достигна 50.000, што го прави трет по големина во светот по САД и Бразил. јт/

Остани поврзан