• среда, 25 декември 2024

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија
Вашингтон, 8 март 2022 (МИА) - Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина. Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија. Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во писмото до вработените наведе дека затворањето на рестораните сега е исправен чекор што треба да се направи. Тој додаде дека сега е невозможно да се знае кога Мекдоналдс ќе продолжи со работа во Русија. Мекдоналдс исто така привремено затвори 100 ресторани во Украина, но ќе продолжи да ги плажа вработените. ми/

Остани поврзан