• четврток, 07 ноември 2024

Медицински робот за итна помош на бојното поле

Медицински робот за итна помош на бојното поле

Шефилд, 11 ноември 2022 (МИА) - Британски научници развиваат медицински робот што би можел да пружи итна помош и да им го спаси животот на повредени војници.

Истражувачите од Универзитетот на Шефилд работат на систем со кој лекарите оддалеку би можеле, преку опрема за виртуелна реалност, „да го раководат“ роботот на бојното поле. Овој тн. „систем на телеприсутност“ би можел да зема брисеви, примероци од крв, да испраќа фотографии и видеа од повреди до лекарите, со цел - лекување од далечина. Роботот ги има истите способности како и оние што се користат во роботската хирургија. Повредените борци, засега, најчесто зависат од медицински техничари со ограничени ресурси, кои ја вршат својата работа под значителни лични опасности, и ако на пациентот му е потребна дополнителна нега, преносот до безбедно место со соодветна здравствена опрема, може да трае со часови, па дури и денови.  си/

Остани поврзан