• среда, 04 февруари 2026

Медиумите: САД се согласија да одржат разговори со Иран во Оман, средбата веројатно ќе се одржи в петок

Медиумите: САД се согласија да одржат разговори со Иран во Оман, средбата веројатно ќе се одржи в петок

Вашингтон, 4 февруари 2026 (МИА) - Американската администрација се согласи да одржи разговори со иранските претставници во Оман, а консултациите се очекува да се одржат на 6 февруари, објави Барак Равид, новинар за американскиот онлајн-портал „Аксиос“, повикувајќи се на информирани извори.

Според неговиот извор во една арапска земја, „се очекува нуклеарните разговори меѓу САД и Иран да се одржат во Оман в петок“.

Според овие информации, „администрацијата на Трамп, на барање на иранската страна, се согласила да ги премести преговорите од Турција“.

Новинарот додаде дека „консултациите сè уште се во тек за тоа дали арапските и муслиманските земји ќе учествуваат во преговорите во Оман“.

Тој исто така напиша дека Белата куќа досега одбила да коментира за овие наводи.

„Аксиос“ претходно објави дека Иран има намера да го промени форматот на преговорите со САД во билатерални и да го премести местото на одржување од Истанбул во Оман. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан