• вторник, 15 октомври 2024

Медиуми: Неизвесна иднината на Влаховиќ во Јувентус

Медиуми: Неизвесна иднината на Влаховиќ во Јувентус

 

Рим, 13 октомври 2024 (МИА) – Иднината на српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ во Јувентус останува под знак прашалник, објави денеска весникот „Кориере дело спорт“.

Според истиот извор, клубот од Торино би можел да го продаде Влаховиќ по завршување на сезоната доколку српскиот напаѓач во меѓувреме не го продолжи договорот со Јувентус.

Договорот на 24-годишниот српски интернационалец со Јувентус истекува по завршувањето на сезоната 2025-2026.

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли изјави дека разговорите за иднината на Влаховиќ најверојатно ќе се одржат во декември.

Влаховиќ на седум натпревари сезонава во Серија А постигна пет голови .ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан