• понеделник, 23 декември 2024

Медиуми: Мурињо го носи Дибала во Фенербахче

Медиуми: Мурињо го носи Дибала во Фенербахче

 

Истанбул, 3 јуни 2024 (МИА) – Новиот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, сака да го донесе Пауло Дибала во турскиот клуб и со тоа повторно да соработува со аргентинскиот напаѓач.

Според пишувањата во денешниот турски печат, Мурињо побарал од раководството на неговиот нов тим да се обиде да го ангажира Дибала во претстојниот летен преоден рок.

Дибала и Мурињо соработуваа во Рома пред Мурињо да добие отказ во јануари.

По топлото добредојде од навивачите на Фенербахче на преполниот стадион, Мурињо се сретна со раководството на клубот за да ги достави своите први барања на летниот трансфер пазар и Дибала е едно од имињата на списокот, пишуваат турските весници.

Дибала дојде во Рома во 2022 година. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан