Медиуми: Министрите во јужнокорејската влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка
- Министрите во јужнокорејската Влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка, јави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.

Сеул, 4 декември 2024 (МИА) – Министрите во јужнокорејската Влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка, јави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
Информацијата доаѓа откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол вчера воведе воена состојба, па ја укина откако парламентот гласаше против декретот.
Јун соопшти дека воведува воена состојба за да се спротивстави на „антидржавните сили“ меѓу неговите противници.
Ова е најголемата политичка криза во Јужна Кореја во последните неколку децении. јт/
Фото: ЕПА