• среда, 09 октомври 2024

Медиуми: Зубименди замена за повредениот Родри

Медиуми: Зубименди замена за повредениот Родри


Лондон, 8 октомври 2024 (МИА) – Според дел од англиските медиуми, замена за повредениот шпански фудбалер Родриго во редовите на Манчестер Сити треба да биде неговиот сонародник, 25-годишниот Мартин Зубименди.
Родри ќе ја пропушти целата сезона, а како негова замена во Манчестер Сити одлучија дека најдобро решение е Зубименди, дефанзивниот играч за врска на Реал Сосиедад, кој беше блиску до трансфер во Ливерпул во текот на летниот преоден рок. Неговиот трансфер не се реализираше, но според информациите, Зубименди најверојатно во јануарскиот преоден рок би требало да се пресели во Премиер лигата и да го облече дресот на клубот од Манчестер.
Според медиумите, Сити за трансферот на Зубименди ќе треба да плати 60 милиони евра.
Зубименди е играч на Реал Сосиедад од почетокот на кариерата, како и еден од клучните играчи на баскискиот клуб во последно време. За шпанската репрезентација досега одигра 12 натпревари. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан